ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев
Фудбалската репрезентација на Македонија со победа над Лихтенштајн од 0-3 ги стартуваше квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Еден од стрелците на гол за Македонија, Александар Трајковски даде свое мислење по завршување на мечот…
„Знаевме дека многу е важно да почнеш со победа, но сепак секој натпревар е важен и нема лесен противник. Ние се подготвуваме за секој меч како да е најважна и одлично е што почнавме со победа и се надевам дека ќе биде така и со Велс иако е далеку поквалитетен противник од Лихтенштајн. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи и дека ќе бидат во поголем број во Македонија и да не поддржат на мечот со Велс“, изјави Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА