Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски ги одигра последните 15 минути во синоќешната победа на Мајорка против Реал Мадрид во 9. коло од Ла Лига.
Мајорка им го нанесе првиот пораз сезонава на „кралевите“. Воодушевувањето од сето тоа по мечот не го криеше и Трајковски кој во финишот имаше значајна улога на средината од теренот за да се зачува победата на неговиот тим…
„Каква ноќ… Секако, не може да сокриеме дека огромно е задоволството да се победи Реал Мадрид. Но, го заслуживме тоа со одличната тактичка поставеност, огромната желба и максималниот ангажман на секој поединец на теренот“ – истакна Трајковски по дуелот со кралскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА