Бојан Трајковски беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, но и тоа беше премалку за да се дојде до победата на овој натпревар. На прес-конференцијата по натпреварот крилниот центар изрази жалење што „металците“ повторно не стигнаа до триумф пред своите гледачи, но и најави подобри денови за македонскиот првак.
„На почетокот некој да ни даваше две победи, ќе прифатевме, но сега кога гледаме како се одвиваат работите во овие пет кола не забележивме повеќе триумфи. Жално е што веќе втор меч на домашен терен победите ни бегаат на некои наши грешки. Можеби имаме проблем бидејќи имаме млади играчи кои ги влече топка и правиме непромислени грешки. Не е срамота да се загуби од Цибона, станува збор за екипа со двајца играчи кои повеќе од десет години играа во Евролигата и кои денеска одиграа одлично. Ми се плаче што немаме 4-1, но одиме напред со главата горе, имаме добра тимска хемија и поддршка од сите страни, очекувам да продолжиме во ист стил и наскоро да дојдат и резултатите“ – изјави Бојан Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА