Македонската фудбалска репрезентација ги почна подготовките за двата квалификациски натпревари против Белгија на домашен терен и против Казахстан на гости. Денеска репрезентативците го имаа првиот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Александар Трајковски ги искажа своите очекувања од мечот со Белгија. Тој вели дека Македонија ја чекаат два тешки меча, кои доаѓаат по завршена напорна сезона, но дека мора да се најдат сили за добри игри и добри резултати.
„Крај на сезона е, сите завршуваат во своите клубови. Овој циклус е многу важен за нас, и мислам дека мораме максимално да се фокусирано затоа што играме со Белгија дома која е многу важна, и потоа со Казахстан. Сите треба да се стават во тимот максимално. Може е тешко, завршница на сезоната, но после овој репрезентативен циклус можеме да се одмориме, но сега е време да го дадеме максиумумот да извлечеме добри резултати“, изјави Трајковски, и веднаш надополнува:
„Почнавме добро во квалификациите, имавме голема шанса да го добиеме мечот, ете колку значи таа концентрација, и мораме да извлечеме поука дека мораме до крај да бидеме фокусирани, и сега ни се пружа шанса со посилна селекција од Велс. Потоа одиме во Казахстан каде ќе не чека еден тежок меч, но сега размислуваме само на Белгија.“, дополни Трајковски.
Искусниот репрезентативец на Македонија вели дека од последниот настап против Белгија до сега многу работи се сменети кај противникот, и дека мотив не треба да недостасува на вакви натпревари.
„Прв тренинг, се собираме, имаме доста до мечот со Белгија, селекторот ќе ни покаже што и како ќе играме на тој натпревар, имаме време да се подготвиме добро и мислам дека ќе биде добро. Поминаа доста години кога играв против Белгија и времето кога играв таму, се сменија доста од тогаш, се смени селекцијата имаат нови играчи, млади, така што ќе биде поинаку од пред десетина години. Но, секогаш треба мотив да постои, а особено против Белгија уште повеќе за да дојдеме до добар резултат“, рече македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

