Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски успешно се рехабилитира по повредата на листот на десната нога со која се здоби уште пред три недели на подготовките на Хајдук во Словенија.
Рехабилитацијата ја реализираше во Сплит, па наскоро се очекува да се врати и во комбинација за први настапи на Хајдук под палката на новиот тренер, Италијанецот Џенаро Гатузо.
Токму поради повредата Трајковски го пропушти и денешниот прв натпревар на Хајдук ова лето на европската сцена, во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА против Торшавн од Фарските острови.
Македонскиот крилен офанзивец минатата сезона во дресот на сплитските бели постигна седум гола, а имаше и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА