Еден од најдобрите поединци во синоќешната убедлива победа на Македонија од 4-1 против Лихтенштајн, Александар Трајковски верува дека националниот тим ќе продолжи во ист стил и низ следните натпревари од Лигата на нациите па на крајот следната година ќе се радува и на пласман на Европско првенство.
Утрово македонската селекција заминува за Ереван каде во вторник (16. октомври) ја очекува и пресметката со Ерменија. Лихтенштајн веднаш се остава зад нас а мислите се насочуваат кон следниот противник…
„Одигравме навистина добар натпревар кој можевме да го заокружиме и со уште поубедлив триумф. Но, тоа го оставаме зад нас. Нема застанување, мора да продолжиме во ист стил и на следните натпревари. Секако во мислите најпрво е првото место во групата а потоа и низ бараж пресметките да дојдеме до толку посакуваното Европско првенство“ – вели Трајковски, стрелецот на два гола во синоќешната победа од 4-1 против Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

