Трајковски носи предност на Македонија на полувремето (ВИДЕО)

Македонија има предност на полувремето на пријателскиот меч во Струмица против Ерменија. На две минути пред крајот на полувремето, домашната селекција постигна гол, во миговите кога многу грешеше во завршницата и во нападот. Избраниците на Благоја Милевски одлично го почнаа мечот, а потоа следуваше доминација на Ерменија според ударите, но во финишот еден противнапад и одлична акција донесоа радост на трибините на „Благој Истатов“.

Првата закана дојде од Фисник Алими. Од 25. метри шутираше одлично во десниот долен агол, но Чанчаревиќ со крајни напори одби во корнер. Во 11. минута Дашјан од 40 метри се обиде да го изненади Шишковски, но топката отиде крај голот. Во 26. минута Ранос шутираше силно, но право во Шишковски кој доби во корнер. И по изведениот корнер обид на Ерменците, и повторно голманот на Македонија е на место.

Следуваше обид на другата страна преку Митровски кој ја упати топката само крај голот, а серијата на обиди ја заокружи уште еднаш Ранос кој по изведен корнер шутираше, но Шишковски одново одби во корнер.

И кога се чинеше дека без голови ќе се оди на пауза, „молскавичен“ противнапад на Македонија, Елмас украде топка, стигна на 20 метри и додаде до Трајковски кој се ослободи од својот чувар, и рутирнирано е елегантно ја упатува топката во долниот лев агол за водство на Македонија.

Александар Трајковски во 86-от официјален настап за репрезентацијата го постигна својот 21-во гол во националниот дрес.

ГОЛОТ НА АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Се вчитува...