Еден од најдобрите македонски фудбалер Александар Трајковски, како еден од предводниците на помладите, повторно на собирот на националниот тим сега за стартот од квалификациите за ЕП 2024.
Репрезентацијата на Македонија на 23. март ја очекува првиот квалификациски дуел против Малта, во групата во која е заедно уште со Англија, Италија и Украина.
Трајковски пред денешниот прв тренинг истакна дека верува во позитивен старт на квалификациите иако е јасно дека ќе треба да се даде максимумот против Малта.
“Ова е нов циклус, нов почеток за нас. Навистина се најдовме во една тешка група, но не бегаме од предизвикот тука ја прифаќаме секоја околност. Првиот меч е секогаш важен, затоа мора да го дадеме максимумот против Малта посебно што денеска во модерниот фудбал нема аутсајдери, сите играат фудбал, не можеме да кажеме дека ќе биде лесно. Факт е дека сме фаворити но ќе мора тоа да го покажеме на терен“ – вели Трајковски кој игра во одлична форма последниот период во Саудиска Арабија.
Трајковски верува дека националниот тим ќе добие поддршка од трибините…
„Верувам дека навивачите ќе дојдат во голем број и ќе ни дадат поддршка. Ние секако мора да покажеме добра игра на терен, и да дојдеме до три бода, нема да бидеме задоволни со друго сценарио. Трите бода ќе бидат важни на почетокот на овој циклус“ – вели Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА