Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски уште еднаш беше стрелец за Палермо овој пат во синоќешното реми (1-1) на гостувањето против Чезена.Трајковски е задоволен од своето издание, како што вели, и среќен поради погодокот кој му ја враќа самодовербата во играта…
„Овој гол за мене е многу важен затоа што ми носи дополнителна самодоверба. Мислам дека и тренерот има големо улога околу растот на мојата форма затоа што има голема доверба во мене. Постојано сум во стартниот тим последниве натпревари. Постои огромна желба кај мене за докажување. И напоследниот натпревар од годината посакувам да го потврдам сиот свој квалитет“ – истакна Трајковски по синоќешниот дуел со Чезена, притоа дополнувајќи:
„Продолживме со позитивните резултати на гостински терен и тоа е важно за нас. Знаеме дека квалитетот на нашиот тим не е спорен, но ќе мора сето тоа да го покажеме и на последниот меч за годинава против Салернитана. Сакаме да го завршиме првиот дел од сезоната со победа пред нашите навивачи на првото место на табелата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА