Благојче Трајковски беше самокритичен по поразот од Шпанија, посочувајќи дека слабата вечер на нашите голмани била главната причина за конечниот резултат. Посочувајќи ги и судиските грешки како значаен фактор, голманот сепак истакна дека вината треба да се бара во сопствените редови.
„Прво да им честитам на шпанските ракометари на овој натпревар. На почетокот игравме добро, одбраната функционираше на високо ниво, но денеска нашите осум одбрани, заедно со Колев, не беа доволно наспроти 13-те на Варгас. Мислам дека тука беше клучот на натпреварот. Сепак, мора да ги споменеме и неколкуте според важни судиски одлуки, кои не одеа во наша полза. На крајот, вината треба да ја бараме кај нас, ни останува само вечерва да се одмориме, па утре да влеземе максимално подготвени во дуелот со Исланд, кој е исклучително важен за нас“ – изјави Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА