Трајковски се збогуваше од Хајдук: Сакав ова поглавје да го завршам со титула

Александар Трајковски летово ќе има нов клуб, откако дефинитивно го напушта Хајдук како слободен агент. На македонскиот репрезентативец му заврши договорот, а тој веќе се збогуваше од клубот во кој настапуваше во изминатите две години.

Сепак, на крајот епизодата не успеа да ја заврши со шампионска титула, на која клубот чека 20 години. Тој се заблагодари на соработката, а во следните денови ќе биде познато каде ќе ја продолжи кариерата екс играчот на Алборг, Мајорка, Палермо, Мехеле, Зулте Варегем, Интер Запрешиќ и Цементарница.

„Тоа беа две години кои ми донесоа нови исксутва. И покрај се, се заблагодарувам на сите, на соиграчите, на стручниот штаб и навивачите. Ви благодарам на поддршката. Сакав ова поглавје да го завршам со шампионска титула. Ви посакувам среќа и ви посакувам тоа да го постигнете во иднина“, напиша Трајковски.

Се вчитува...