Македонските репрезентативци се вратија на клупските обврски, а Александар Трајковски и Илија Несторовски вечерва настапија за Палермо на гостувањето против Верона, што заврши без победник (1-1).
Сицилијанскиот клуб по првото полувреме беше во негатива од еден гол, а израмнувањето во вториот дел го донесе Рајковиќ по одличната асистенција од корнер на Трајковски, кој продолжува со одличните настапи во дресот на Палермо.
Тимот на нашите интернационалци останува на првото место на табелата во „Серија Б“, со три бода предност во однос на второпласираната Пескара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

