Трајковски со првенец за Локомотива, прекрасен гол од слободен удар (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Александар Трајковски, го постигна својот прв гол во првенството на Хрватска за Локомотива Загреб. Трајковски во 83. минута успеа да постигне гол за предност на својот тим од 3-1 во дуелот против Осијек.

Трајковски погоди од слободен удар за својот тим, и така ја запечати судбината на гостинскиот тим.

Трајковски кон крајот на минатата година како слободен агент се пресели во хрватската екипа.

Се вчитува...