Трајковски со РЕМЕК-ДЕЛО донесе предност, Саудијците израмнија во последните мигови од првиот дел (ВИДЕО)

Прекрасниот гол на Александар Трајковски ја донесе Македонија во предност против Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар во Прага. Се играше 41. минута кога Деспотовски центрираше, а македонскиот голгетер во стил на голем стрелец, со ножички успеа да го совлада Алсанби за предност на „црвено-жолтите“. Сепак, на крајот од првиот дел Саудиска Арабија успеа да израмни.

До голот Саудиска Арабија беше поконкретна, имаше две добри шанси, но не успеа да постигне гол. Главно се игра мирно на средината на теренот, а Македонија ја искористи својата шанса.

Саудијците имаа шанси преку Алабдул и Алхабри, но во првата ситуација не се снајде пред голот, а во вториот обид Димитриевски го одбрани ударот.

Во последните минути од првиот дел, Трајковски упати вистинска „бомба“ кон голот на Саудиска Арабија, која заврши за малку крај голот.

Сепак, Саудиска Арабија дојде до погодок. По една добра акција на средината, топка прими Албрикан, кој шутираше прецизно во мрежата на Димитриевски за израмнување.

Се вчитува...