Трајковски во форма во финишот на сезоната, повторно погоди за Хајдук за победа

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, повторно беше стрелец на гол за неговиот Хајдук во победата над Горица. Трајковски најпрво донесе израмнување, а Хајдук со пресврт стигна до триумфот во вториот дел.

Сепак, Хајдук на крајот сезоната ја завршува како третопласиран, откако стана јасно дека Динамо одново ќе ја освои титулата пред Ријека.

За Трајковски ова беше четврти гол во оваа сезона, и се израмни со Димитар Митровски од Вараждин.

Се вчитува...