Трајковски заработил ситна повреда, сепак ќе биде во протокол за Италија и Англија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски не беше дел од својот тим во победата на Хајдук над Вараждин од 3-1.

Како што пренесуваат хрватските медиуми Трајковски има проблем со листот на ногата, но неговата повреда не е сериозна. Од клубот од Сплит не сакале да ризикуваат, а веќе утре ќе се најде на собирот на нашата репрезентација.

„Црвено-жолтите“ прво на 17. ноември во Рим ќе играат против Италија, а три дена подоцна на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречекаат Англија.

Се вчитува...