Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, како и самиот тој, ќе сторат сè за да се осигурат дека израелската фудбалска репрезентација нема да биде исфрлена од квалификациите за Светското првенство.
Прашањето за учеството на клубовите од Израел и репрезентацијата на оваа земја во фудбалските натпреварувања се поставува многу гласно оваа недела. За вторник беше закажан состанок на Извршниот комитет на УЕФА, а имаше најави дека ќе има гласање за исклучување на Израел и израелските клубови под покровителство на УЕФА. Наместо тоа, имаше соопштение од Обединетите нации во кое се повикуваат УЕФА и ФИФА да го исфрлат Израел.
„Апсолутно ќе работиме на тоа да го спречиме секој обид за исклучување на израелската репрезентација од Светското првенство“, изјави портпарол на Стејт департментот за „Атлетик“.
Сепак, тој ниту потврди ниту негираше дека Стејт департментот веќе извршил притисок врз УЕФА и ФИФА. Прашањето за учеството на израелските клубови и национални тимови во фудбалски натпреварувања никогаш не било толку гласно поставено од почетокот на конфликтот во Газа во октомври 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

