Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ќе присуствува на финалниот натпревар на тенисерите на Отвореното првенство на САД во Њујорк, објави Белата куќа.
Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз ќе играат во натпреварот за трофејот.
Финалето на Отвореното првенство на САД во машка конкуренција ќе се игра во недела навечер, а Трамп ќе присуствува на натпреварот од Гренд слем за прв пат од 2015 година, објави Би-Би-Си.
Трамп беше редовен учесник на Отвореното првенство на САД до 2015 година, но не беше на Флашинг Медоус откако навивачите го исвиркаа неколку месеци откако ја започна својата претседателска кампања.
Тој ќе биде првиот американски претседател кој ќе присуствува на финалето на Отвореното првенство на САД по Бил Клинтон во 2000 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

