Трамп лобира за северноамериканската кандидатура за СП 2026

Заедничката кандидатура за организација на Светското фудбалско првенство во 2026 година на САД, Мексико и на Канада ќе донесе заработка од 8,1 милијарди евра на контото на ФИФА, тврдат потенцијалните организатори. Според нивните проценки, евентуалниот фудбалски мундијал во Северна Америка би имал вкупна заработка од 10,3 милијарди евра. Претседателот на Фудбалската асоцијација на САД, Карлос Кордеиро тврди дека ако добијат шанса би го организирале „најдоброто светско првенство досега“.

Мароко исто така поднесе кандидатура за организација на шампионатот во 2026 година и во последните неколку седмици добива сериозна поддршка во обидот да биде домаќин на мундијалот по 8 години. Северноафриканската држава поднесе обемна кандидатура на 193 страници во која објаснува зошто треба да биде домаќин на првенството.

Гласањето за организација на Светското првенство во 2026 година ќе биде на 13 јуни во Москва.

За северноамериканската кандидатура се залаожи лично и претседателот на САД, Доналд Трамп кој неодамна изјави дека „би било срамно, земјите кои постојано ги поддржуваме да гласаат против нас во битката за организација на првенството“.

САД претходно беа домаќини на Светскиот фудбалски шампионат во 1994 година, додека Мексико го организираше Мундијалот во  1970 година.

Се вчитува...