Трамп се закани со бојкот на НФЛ и фудбалските лиги во САД

Американските претседател Доналд Трамп порача дека нема да ги гледа НФЛ натпревари како и оние на фудбалската репрезентација на САД доколку играчите клечат при интонирањето на химната.

Американскиот фудбалски сојуз соопшти дека ќе се откаже од барањето играчите да стојат за време на химната нагласувајќи дека таа политика е погрешна. Претходно беше донесена одлука дека мора да стојат откако фудбалерката Меган Рапуни клекна за време на химна во 2017 година во знак на солидарност со НФЛ играчот Колин Каперник кој клечеше како би предупредил на расната неправда.

„Јас нема да гледам такви фудбалски натпревари. А се чини дека и НФЛ оди во таа насока, па нема да ги гледам ниту тие натпревари“ – порача Трамп преку својот официјален Твитер профил.

Трамп и во минатото гласно ги критикуваше играчите кои клечат за време на интонирање на химната, потенцирајќи дека „тие не ги почитуваат американската држава и нејзиното знаме“.

Се вчитува...