Трамп откри нови детали за УФЦ спектаклот пред Белата куќа

Претседателот на Соединетите американски држави, Доналд Трамп откри нови детали за спектакуларниот УФЦ евент кој ќе се одржи во дворот на Белата куќа.

Истиот е предвиден да се одржи на 14. јуни следната година и ќе има осум или девет борби за титула.

„УФЦ 250 ќе се одржи на 14 јуни следната година и тие градат арена. Дана Вајт гради арена и ќе имаат осум или девет борби за шампионат, најголемите борби што некогаш ги имале. Секоја борба е борба за појас и секоја борба ќе биде легендарна.

Дана Вајт всушност ги одложува борбите шест месеци во моментов за да може да го направи овој УФЦ 250. Ќе биде неверојатно. Мислам дека арената ќе има капацитет од 5.000 до 6.000 луѓе веднаш пред Белата куќа. А потоа 100.000 луѓе во задниот дел каде што ќе постават осум или десет многу големи екрани“, откри Трамп.

Се вчитува...