Трамп преку спортот ќе ја спасува американската економија – Да продолжат побрзо НБА и НХЛ

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, закажа состанок со комесарите на професионалните спортски лиги и со сопствениците на клубовите. На состанокот кој ќе биде одржан ќе се разговара за продолжување на натпреварувањата.

Трамп има план да ја дигне американската економија која е во голем пад поради пандемијата на коронавирусот. Уште претходно тој најави дека сака преку спортот што побрзо да ја опорави економијата. Планот е што побрзо да продолжат сезоните во НБА и НХЛ, а да почне новата сезона и во професионалната бејзбол лига.

 

Се вчитува...