Американскиот претседател Доналд Трамп, ќе го предводи организицскиот комитет за идниот Мундијал во 2026 година. Турнирот покрај во САД, ќе се одржи и во Канада и во Мексико.
По тој повод, претседателот на ФИФА Џани Инфантино, ја посети Белата куќа и му подари дрес на американскиот претседател.
„За нашата земја ќе биде голема чест да биде домаќин на ваков турнир“, рече Трамп.
„Организацискиот комитер ќе се погрижи секој навивач од секој агол да се чувствува безбедно, среќно и да направиме нешто посебно. Тука сме да приредиме најдобро шоу на планетата досега“, изјави Инфантино.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули идната година со учество на 48 репрезентации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

