Трамп: Верувам дека Путин ќе дојде на Светското првенство следната година

Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе биде првото со 48 екипи, а ќе има дури 104 натпревари.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му испратил заедничка фотографија од минатонеделниот самит во Алјаска и наговестил дека Путин можеби ќе присуствува на Светското првенство во 2026 година во Соединетите Американски Држави.

„Верувам дека ќе дојде, во зависност од тоа што ќе се случи, можеби ќе дојде, можеби нема, зависи од тоа како ќе се развиваат работите“, рече Трамп.

Се вчитува...