Американскиот претседател Доналд Трамп, ја коментираше ситуацијата со Иран, и нивните закани за откажување од настапот на Мундијалот, кој треба да се одржи годинава во САД, Канада и Мексико.
Иранската фудбалска федерација ја разгледува оваа можност по нападот на САД и Израел врз Иран во последните денови.
„Воопшто не ми е гајле“, беше коментарот на Трамп, а потоа додаде:
„Иран е земја која претрпе катастрофален пораз. Нивната сила е исцрпена“, изјави Трамп, пренесе Политико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

