„Трампа“ на повидок: Влаховиќ ќе биде првото засилување на Аморим во Манчестер Јунајтед?

Рубен Аморим се уште официјално не е пристигнат во Манчестер Јунајтед, а англиските медиуми веќе најавија кој ќе биде првиот потег што управата на „црвените ѓаволи“ ќе го повлече за португалскиот стратег.

На Јунајтед очигледно му недостига врвен голгетер во тимот,па затоа план на водечките луше во клубот е да го доведат Душан Влаховиќ. Србинот одбива да потпише нов договор со Јувентус, актуелниот му истекува за 18 месеци, а намалената вредност на пазарот би требало да му обезбеди на англискиот гигант подобра позиција во преговорите со „старата дама“. Влаховиќ добива шанси од тренерот Мота, но не ги оправдува очекувањата како најплатен фудбалер во Серија А, па Јуве би бил заинтересиран за продажба ако добие интересна понуда.

Мота е подготвен да даде зелено светло ако за возврат го добие Џошуа Циркзе, холандскиот голгетер со кого до лани имаше беспрекорна соработка во Болоња. Тој го бараше холандскиот ас и во текот на летото, Циркзе на крајот го избра Манчестер Јунајтед, но не се прослави и голем дел од времето минуваше на клупата за резерви.

„Црно-белите“ ќе инсистираат на вклучување на Циркзе во преговорите за Влаховиќ, секако со извесна доплата од Манчестер Јунајтед, но добро упатени извори тврдат дека двете страни имаат адути во ракавот и оваа размена би можела да се реализира за време на јануарскиот преоден рок.

Се вчитува...