Трансфер „бомба“: Дибиров се разделува од Вардар 1961, Русинот е пред трансфер во ППД Загреб

Тимур Дибиров очигледно не најде заеднички јазик со уравата на Вардар 1961, па Русинот е на излена врата и пред трансфер во хрватскиот ракометен гигант, ППД Загреб.

Сè уште не е официјално, но како што пишуваат хрватските медиуми, Тимур Дибиров наскоро треба да биде претставен како нов ракометар на „плинарите“.

Откако беше официјализиран трансферот на Вуко Борозан, дресот на ППД Загреб многу веројатно ќе го носи уште еден поранешен освојувач на Лигата на шампионите. Рускиот ас е апсолутна легенда на Вардар, но и на елитниот ракомет на стариот континент, затоа што е во потесното друштво на најдобри стрелци во Лигата на шампионите, заедно со Кирил Лазаров, Никола Карабатиќ, Микел Хансен и Момир Илиќ.

Поради казната која што ја доби Вардар 1961 од ЕХФ и неиграњето во Лигата на шампионите, за очекување беше ваквиот расплет на еден од најдобрите играчи на македонскиот шампион. Дибиров за „црвено-црните“ одигра девет години, а со Вардар успеа двапати да ја освои Лигата на шампионите.

Поради казната која што ја доби Вардар 1961 од ЕХФ и неиграњето во Лигата на шампионите, за очекување беше ваквиот расплет на еден од најдобрите играчи на македонскиот шампион. Имено, управата на Вардар на последната прес-конференција најави дека Дибиров и голманот Томовски до тој момент биле единствените кои не се согласиле да останат (бидејќи се наоѓале на годишен одмор).

Се вчитува...