Трансфер-бомба: Марко Арнаутовиќ во понеделник на прегледи и потпис

Марко Арнаутовиќ е слободен играч по истекот на договорот со Интер, за услугите на австрискиот репрезентативец се интересираа бројни клубови ширум Европа, но последните информации говорат дека голгетерот на почетокот од следната седмица ќе има нов клуб, и тоа во соседна Србија.

Шампионот Црвена Звезда се наоѓа пред потпис со Арнаутовиќ, кој според пишувањето на „Моцарт Спорт“ веќе в понеделник ќе пристигне на лекарски прегледи, по што ќе следи и потпис на двогодишен договор.

„Црвено-белите“ уште пред два месеца покажаа конкретен интерес за овој врвен напаѓач, кој тактизираше чекајќи понуди од други клубови за на крајот да пресече – и да се согласи на преселба во Белград.

Откако пропаднаа преговорите со Тадиќ, сега токму Арнаутовиќ ќе биде капиталното засилување на српскиот првак во обид повторно да обезбеди место во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...