Трансфер бомба на повидок – Милан го носи играчот за врска на Јувентус

Трансфер бомба е на повидок во Италија каде Арон Ремзи се наоѓа пред потпис со Милан, пренесува ‘Газета дело спорт’. Имено, клубот од Милано веќе стапил во контакт со „црно-белите“ и во Велшанецот гледа замена за Хакан Чалханоглу кој премина во редовите на лутиот ривал Интер.

Ремзи кој пристигна во Јувентус во 2019 година како слободен играч не успеа да се наметне во торинскиот клуб. За две сезони одигра 65 натпревари во сите конкуренции, а притоа постигна шест гола и забележа шест асистенции.

Новиот тренер не смета на неговите услуги, а со заминувањето се отвара простор за ангажман на Миралем Пјаниќ. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е прекуброен играч во Барселона, а враќањето во Јувенутс каде помина четири сезони е идеално.

Се вчитува...