Марио Балотели е главна тема на балканската фудбалска јавност утрово откако беше обелоденето дека проблематичниот голгетер сериозно ја разгледува можноста за преселба во Бугарија.
ЦСКА Софија е клубот што амбициозно покажал интерес да го доведе поранешниот ас на Милан и Интер во своите редови, веќе биле одржани и првите преговори, а бугарските медиуми најавуваат дека шансите за реализација на овој трансфер воопшто не се мали.
Балотели е слободен играч по истекот на договорот со Аданаспор, голгетерот во изминатиот период беше поврзуван со различни екипи, но ниту една од нив не успеа да најде заеднички јазик за да го доведе „Супер Марио“ во своите редови.
Балотели неодамна изјави дека желба му е да најде нов клуб во италијанската Серија А, проблем е што ниту еден од прволигашите не сака да го доведе фудбалерот со проблематично минато во своите редови. Таа ситуација се обидуваат да ја искористат челниците на ЦСКА, кои се оптимисти дека во наредниот период би можеле да го осигураат потписот на поранешниот италијански репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА