Алборг синоќа славеше голема победа над Барселона во Лигата на Шампионите, а навивачите на данскиот гигант утрово ги дочека нова прекрасна вест – Сандер Сагосен е пред потпис и веднаш ќе може да го облече дресот на оваа екипа.
Сагосен беше поврзуван со Алборг уште пред извесно време, но преговорите се интензивираа по СП 2025 откако данскиот тим реши да се активира на пазарот по допинг-скандалот на Мигел Мартинс и повредата на Лукас Нилсон. Информациите од Скандинавскиот полуостров велат дека е постигнат целосен договор и норвешкиот ракометар во следните 48 часа и официјално ќе го стави потписот на договорот со Алборг, со што ќе се врати назад во клубот за кој со успех настапуваше во периодот од 2014 до 2017 година.
Неговиот сегашен клуб Колштад се соочува со финансиски проблеми, поради што норвешкиот првак е принуден да даде зелено светло за заминување на најдобриот ракометар, кој воедно е и најплатен играч во таборот на Колштад.
Доколку нема неочекувани преку, Сагосен би можел да дебитира во дресот на Алборг веќе на претстојниот завршен турнир од Купот на Данска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

