ТРАНСФЕР БОМБА ВО БЕЛГРАД: Партизан го враќа Богдановиќ од НБА со МЕГА понуда

Богдан Богдановиќ, еден од најдобрите српски кошаркари не успеа да се наметне во Лос Анџелес Клиперс каде бележи минимална минутажа на натпреварите кога ќе добие шанса па се погласни гласините за негов тренд од „Градот на ангелите“.

Истите ја отворија и можноста за враќање назад во Европа каде со успех настапуваше за Партизан и Фенербахче пред да се пресели „преку барата“.

Партизан е подготвен да го врати поранешниот капитен со мега понуда од шест милиони евра во следните три години, понуда која би го направила најскапо платениот кошаркар во Европа.

Сепак последниот збор го има капитенот на српската репрезентација за кој останувањето во НБА и во следната година му носи големо финансиско олеснување до крајот на животот.

Имено, Богдановиќ една година го дели од десетгодишен настап во НБА, привилегија која му носи максимален износ на пензија и дополнителни привилегии како бонуси за семејството.

 

 

Се вчитува...