Фудбалскиот клуб Хајдук Сплит стигна до најголемото засилување во својата историја. На „Пољуд“ пристигнува еден од најтрофејните фудбалери во историјата на хрватскиот фудбал, Иван Ракитиќ.
Ракитиќ потпиша договор со хрватскиот клуб неколку минути пред полноќ, а ќе биде официјално претставен како нов фудбалер во текот на денешниот ден откако ќе ги мине лекарските прегледи.
За Хрватот тоа ќе биде прв настап во хрватското првенство. Тој е роден во Шведска и оттаму ја започна богатата кариера во која настапуваше за Базел, Шалке, Севилја, Барселона и на крај за Ал Шабаб.
— HNK Hajduk Split (@hajduk) July 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА