Трансфер изненадување: Давид Луиз се врати во Европа, ќе игра за шампионот на Кипар

Изненадувачки трансфер се случи вечерва во Кипар. Првакот на оваа земја, тимот на Пафос го потпиша некогашниот капитен на Челси, и на бразилската репрезентација Давид Луиз.

Искусниот 38-годишен стопер го засилува овој тим од тимот на Форталеца, каде што играше до сега. Претходно беше дел од Фламенго, а играше во Челси, Арсенал, ПСЖ, Бенфика, Виторија и Сао Паоло.

Овој искусен бразилски стопер има и 57 настапи за бразилската селекција. Тој ќе биде големо засилување за тимот од Кипар во обидот да се обезбеди место во Лигата на шампионите. Пафос во третото квалификациско коло ќе игра против украинскиот гигант Динамо Киев.

 

Се вчитува...