Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Џанан Муса од следната сезона ќе ги брани боите на Реал Мадрид, потврди шпанскиот клуб. Зад 23-годишникот е одлична сезона во шпанското првенство каде го предводеше Бреоган, а тоа му донесе спектакуларен трансфер.
Со просек од 20.1 поен, 5.1 скока и 3.1 асистенција по натпревар младиот кошаркар со НБА искуство стигна и до признанието за најкорисен играч на шпанското првенство за сезоната 2021/22, па од следната сезона се очекува да биде од огромна помош на „кралевите“ во обидот за одбрана на титулута на домашно тло и враќање на тронот на Евролигата.
Муса професионалната кариера ја започна во хрватска Цедевита, а во 2018 година беше избран на НБА драфтот од страна на Бруклин како 29. пик. Во Европа се врати во 2021 година и одигра пола сезона во Ефес пред трансферот во Бреоган.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА