Македонската фудбалска репрезентативка Марјана Нацевa го комплетираше својот трансфер од соништата, откако потпиша договор со германскиот прволигаш Борусија Дортмунд.
Таа ја мина ланската сезона во дресот на Саса, тим со кој ја освои титулата во македонското првенство, седми ваков трофеј за Нацева на домашната сцена, освоени со три различни клубови. Нацева не криеше дека сака нов предизвик во кариерата надвор од Македонија, понудата од Дортмунд стигна во вистински момент, по што потпиша договор со „жолто-црните“.
„Ова е само почеток“, изјави задоволната Нацева по потписот на договорот со Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА