ПСЖ ова лето направи неверојатни трансфери, успевајќи во своите редови да ги донесе Џиџи Донарума, Серхио Рамос, Вајналдум, а покрај нив успеа да го договори и Лионел Меси. Тоа што ги собра сите ѕвезди во својот тим, очигледно не им е доволно на „светците“, па францускиот клуб пред крајот на преодниот рок се обидува да донесе уште некој врвен фудбалер.
Француските медиуми утринава објавија дека менаџерот на Роберт Левандовски, Пини Захави бил во Париз, на преговори со актуелниот вицешампион на оваа земја. Пред неколку дена Полјакот изјави дека сака нов предизвик во кариерата, односно дека има желба да го напушти Баерн, а јасно е дека ќе има заинтересирани клубови за еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Германскиот шампион нема да го пушти за помалку од 117 милиони евра, но за ПСЖ оваа сума не е проблем. Со ова станува јасно дека ПСЖ полека се откажува од Килијан Мбапе и дека младиот Французин ќе се пресели во Реал, па единствено што останува е само да се дефинира отштетата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА