За Џанлуиџи Донарума нема да има место во првиот тим на ПСЖ во новата сезона. Причина за тоа е што договорот на италијанскиот голман завршува на крајот на сезоната, а тој нема намера да ја продолжи соработката која трае од 2021 година.
Преговорите за нов договор пропаднаа поради желбата на парижани Италијанецот да ја намали платата, а и да прифати модел под кој од неговите настапи ќе значат голем дел од примањата.
Со цел да избегне сценарио во кое ќе загуби нов фудбалер без обесштетување ПСЖ го приморува Донарума на трансфер веќе ова лето. За неговите услуги постои сериозен интерес од Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во Премиерлигата како и Галатасарај и неколку тимови од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

