🔴 ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Барса не може да се „откачи“ од Дембеле

21:22 – Изгледа дека Усман Дембеле ќе остане во Барселона до крајот на сезоната. Откако претходно ПСЖ не успеа да најде заеднички јазик со Французинот, сега пропадна можноста да се пресели и во Тотенхем

21:03 – Последните информации велат дека Пјер-Емерик Обамејанг веќе е договорен со Барселона, и потпишал, по што треба да следува официјална промоција

21:02 – Евертон го потврди доаѓањето на Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед

21:02 – Јаник Караско, фудбалерот кој беше поврзуван со Њукасл и Тотенхем, останува во Атлетико Мадрид

20:03 – Лацио успеа да донесе засилување, комплетирајќи ја позајмицата на крилниот офанзивец на Спортинг Лисабон, Џоване Кабрал.

19:46 – Манчестер Јунајтед ја затвори вратата – Џеси Лингард нема да си замине од „Олд Трафорд“ до крајот на преодниот рок. Фудбалерот е разочаран бидејќи на маса имаше понуди од Вест Хем и од Њукасл, но „црвените ѓаволи“ ставија крај на неговите надежи за трансфер.

19:20 – Вилјареал успешно ги финишираше преговорите со Тотенхем, на „Ел Мадригал“ пристигнува аргентинскиот играч за врска Џовани ло Селсо.

18: 59 – Њукасл не успеа да го договори Хуго Екитике, па во последните часови од зимскиот трансфер период  се насочува кон трансфер на Џеси Лингард. Вест Хем исто така е заинтересиран за играчот на Јунајтед, па одлуката останува на Лингард.

16:29 – Ливерпул даде зелено светло за дефанзивецот Нејт Филипс да се пресели на шестмесечна позајмица во Борнмут. Филипс лани беше одличен во одбраната во периодот кога повредени беа Ван Дајк, Матип, Гомез и Фабињо, но сезонава не доби шанса да ги покаже квалитетите, поради што Јирген Клоп дозволи тој да замине во клуб каде ќе има значителна минутажа.

16:23 – Лион го засили нападот со комплетирањето на трансферот на Ромен Февр од редовите на Брест. Челниците на Лион платија 15 милиони евра за овој напаѓач, кој потпиша договор на четири и пол сезони.

16:16 – ПСЖ со последна понуда до Барселона за Дембеле. „Светците“ не нудат пари, туку двајца фудбалери, левиот бек Диало и младиот Ебимбе. Барса треба да одговори што поскоро, преодниот рок завршува за неколку часа. ПСЖ не може да го регистрира Дембеле доколку не се ослободи од некој од актуелните играчи, а Барселона не може да го потпише Обамејанг ако најпрвин не го продаде Дембеле.

15:55 – Јувентус конечно се ослободи од Арон Рамзи, откако велшкиот репрезентативец по неколкуте одбиени понуди од Премиер-лигата на крајот реши да се пресели во Шкотска. Глазгов Ренџерс ќе биде нов клуб на Рамзи, кој ќе настапува за „сино-белите“ како позајмен играч до крајот на сезонава, а Јуве се уште ќе покрива 30% од неговата плата според договорот што го има со „старата дама“.

15:24 – Френк Лампард работи напорно за да ги осигура посакуваните засилувања во првиот ден по промоцијата во Евертон. Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед веќе ги мина лекарските прегледи на „Гудисон Парк“, а Евертон е во завршни преговори и со Тотенхем за позајмица на Деле Али.

15:01 – Њукасл ја комплетираше позајмицата на левиот бек Мет Тагерт од Астон Вила. „Црно-белите“ се соочуваат со поголеми проблеми во обидот да доведат нов офанзивен фудбалер откако Екитике ја одби понудата иако Брест веќе се имаше договорено со Њукасл околу висината на отштетата.

14:14Јаник Караско од Атлетико Мадрид би можел денеска да се пресели во Англија. Њукасл и Тотенхем се заинтересирани за него, а англиските медиуми шпекулираат дека сумата која би ја добил шпанскиот тим изнесува 60 милиони евра

13:54 – Дони ван де Бек ги мина лекарските прегледи, и сега следува промоција во Евертон

13:45 – Арсенал му дозволи на Николас Пепе да си бара нов клуб. Но, „топчиите“ ќе добијат значително помала сума од онаа која ја платија за него – 80 милиони евра

13:43Алваро Мората се реши да остане во Јувентус, и покрај интересот од Барселона и Арсенал. Тој се реши да остане во Торино, и покрај тоа што Јуве го ангажираше Душан Влаховиќ

12:46Пјер Емерик Обамејанг веќе се наоѓа во Барселона и во следните часови ќе ги мине лекарските прегледи, чекајќи трансфер во каталонскиот гигант. Габонскиот голгетер има „дил“ со Барса, Арсенал прифати шестмесечна позајмица, но за реализација на трансферот неопходно е Барселона да продаде некој од првотимците што ги има во моментов (Дембеле или Мингуеза).

12:35 – Френк Кеси нема да ја продолжи кариерата во Тотенхем. Милан ја одби понудата добиена од Тотенхем, и не планира да разгледува нови понуди за фудбалерот во овој преоден рок.

12:22 – Најверојатно ништо од трансферот на Усман Дембеле од Барселона во ПСЖ. Ова го јавува „Би-би-си“ дека парискиот клуб наводно се откажала од крилото на „Каталонците“

12:17 – Кадиз во последниот ден од преодниот рок би можел да го ангажира екс италијанскиот напаѓач Симоне Заза

12:14 – Винд во Волфсбург дојде како замена за Вут Вергорст, кој потпиша за Барнли. Барнли имаше импресивна презентација на голгетерот

12:05 – Официјално, нападот на Волфсбург ќе го предводи Јонас Винд. Данскиот репрезентативец потпиша договор до 2026 година.

12:03 – Њукасл денеска е во „лов“ на тројца играчи. Πреговара со напаѓачот на Реимс, Уго Екитика, дефанзвиецот на Астон Вила Мет Таргет, како и играчот од средниот ред на Брајтон, Ден Берн

12:00 – Добродојдовте во трансфери во живо. Денеска е последен ден од преодниот рок во Европа, каде што ќе се случуваат многу трансфери. ЕКИПА ви ги презентира најновите трансфери од минута во минута

Се вчитува...