Шпанскиот гигант Реал Мадрид сериозно влезе во трката за ангажман на Нејмар. Претседателот Флорентино Перез намириса нов „галактикос“ и тргна во сите сили по Бразилецот кој дефинитивно сака да го напушти Пари Сен Жермен ова лето. Перез сака да го искористи и пријателството со Насер Ал – Келаифи, првиот човек на францускиот првак, кој има анимозитет кон Барселона и многу полесно би се согласил да го продаде Нејмар на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид подготви и фантастична понуда за Нејмар, годишна плата од 40 милиони евра. Со тоа би станал вториот најплатен фудбалер во светот по Лионел Меси. Во ПСЖ, Нејмар годишно заработува 36 милиони евра.
„Кралевите“ имаат и неколку опции како да го задоволат ПСЖ. Едната е во пакетот да влезе и Герет Бејл, плус повеќе од 100 милиони евра. Солуции се и Лука Модриќ или Иско, како и вториот голман Кејлор Навас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА