Арсенал се соочува со неочекувани проблеми кога станува збор за ангажман на Рикардо Калафиори. Болоња прифати 45 милиони евра како компромис за откупување на неговиот договор, а и покрај тоа што се чинеше дека овој трансфер е веќе реализиран проблем прави Рома.
Калафиори потекнува од младинската школа на Рома и го носеше дресот на овој клуб од 2020 до 2022 година пред да премине во Базел за 2.6 милиони евра, но и 40 отсто од неговите следни трансфери.
Швајцарците го испочитувале договорот и и платиле на „волчицата“ 1.6 милиони евра од неговиот трансфер во Болоња, но римскиот клуб сега се заканува со тужба бидејќи откупната клаузула се однесувала за сите пари што Базел некогаш ќе ги заработи од Калафиори, а не само од следниот трансфер.
Базел и самиот имал договор за 50 отсто од неговиот следен трансфер покрај четирите милиони евра при неговиот премин во Болоња, а согласно со тоа на Рома очекува над осум милиони евра. Доколку Швајцарците и понатаму одбиваат да ја исплатат оваа сума на Рома тогаш се заканува долг судиски процес од кој најмногу може да страда 22-годишниот стопер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА