Трансферот на Алваро Мората во Барселона е 95% готовова работа, а деновиве се очекува напаѓачот да стане дел од Каталонците. Шпанецот е во сопственост на Атлетико Мадрид, но моментално е во Јувентус на позајмица.
Сега треба да му биде раскинат договорот за позајмица со Италијанците, по што шампионот во „Ла Лига“ веднаш ќе го испрати на „Камп Ноу“ како позајмен играч до лето со опција за откуп, вака барем тврди „АС“.
Следниот меч на Барселона е само два дена подоцна – против Линарес во Купот на Шпанија, по што викендов ќе се гостува кај Гранада. Следната недела избраниците на Чави Ернандез ќе се соочат со Реал Мадрид во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија, кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА