Претседателот на Комо, Мирван Суварсо откри дека неговиот клуб постигнал договор за трансфер на големата желба Алваро Мората, но проблем за реализација на истот прави Галатасарај, турскиот клуб каде Шпанецот е на позајмица од Милан.
„Росонерите“ и Галатасарај преговараат за прекин на позајмицата која трае од месец февруари и е со важност до крајот на сезоната 2025/26.
Согласно со амбициите на Галатасарај кој одлучува за иднината на Мората како и правото во договорот за откуп на искусниот фудбалер по крајот на престојната сезона голема е веројатноста дека 32-годишникот нема да ја менува средината, ќе остане во Истанбул, а Комо ќе остане без ѕвезденото засилување.
Позитивен исход за Комо од целата ситуација е можниот трансфер на Виктор Осимен од Наполи во Галатасарај по што Мората не би бил првиот избор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

