Трансферот на Самарџиќ во Наполи може да пропадне повторно поради лакомоста на неговиот татко

Познатиот трансфер-информатор, Фабрицио Романо тврди дека преговорите меѓу Наполи и Удинезе за трансферот на српскиот фудбалер за врска, Лазар Самарџиќ се во завршна фаза.

21-годишниот фудбалер долго време е желба на Наполи, а овој пат трансферот би требало да биде договорен за сума од 15 милиони евра. Но, единствен проблем би можел повторно да претставува таткото на Лазар.

Неговиот татко, Младен Самарџиќ бара плата од 3 милиони евра по сезона, а предлогот на Наполи е само два милиони евра по сезона, што е момент на „сопнување“ во моментов меѓу двете страни. Дополнително треба да се разговара и околу имиџ правата и провизијата.

Интересно, минатото лето Самарџиќ беше пред потпис со Интер, пристигна во Милано, ги помина лекарските прегледи но трансферот му пропадна во последен миг откако неговиот татко исто така побара повеќе пари.

Се вчитува...