Ова лето српскиот интернационалец Лазар Самарџиќ требаше од Удинезе да се пресели во Интер. Трансферот беше договорен, и за 15 милиони евра репрезентативецот требаше да замине на „Џузепе Меаца“. Меѓутоа италијанските медиуми пишуваат дека трансферлто на крајот го уништил таткото на Лазар.
Самарџиќ заминал во Милано да ги направи лекарските прегледи, но неговиот татко преку агент сакал да извлече повеќе пари од бонус. Интер тоа го одби и веднаш се откажа од зделката. Интер инсистира од работата да се исклучи неговиот татко да се заврши работата, но веројатно тоа не е прифатено.
Самарџиќ е роден во Берлин и кариерата ја почна во Херта. Играше и во Лајпциг, а од 2021 година се пресели во Удинезе. Беше дел од младите селекции на Германија, а за Србија игра од оваа година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА