Трансферот се ближи: Хојлунд нема да игра со Аталанта, преселбата во Манчестер Јунајтед е се поблиску

Рамус Хојлунд е многу блиску до потпис за Манчестер Јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ во последните неколку дена ги интензивираа преговорите со Аталанта за ангажман на данскиот голгетер.

Хојлунд веќе ги има договорено личните услови за петгодишен договор со Јунајтед, а по последната понуда од 60 милиони евра плус клаузули англискиот гигант сега е блиску до договор и со Аталанта околу висината на отштетата. Тимот од Бергамо бараше 100 милиони евра на стартот на преговорите, но челниците на Аталанта се подготвени да прифатат и вкупно 80 милиони заедно со клаузули, па се очекува во наредните 48 часа да биде постигнат целосен договор.

Во прилог на ова оди и фактот дека тренерот Гасперини го повлече Хојлунд од составот за денешниот пријателски меч со Борнмут, за кој Данецот претходно беше најавуван како сигурен стартер. Ова е вообичаена пракса кога некој фудбалер се наоѓа многу блиску до потпис, за да не се ризикува да дојде до непосакувана повреда.

Во изминатите денови сериозен интерес за Данецот покажа и ПСЖ, но Јунајтед е апсолутен фаворит во трката бидејќи „светците“ не се во можност за конкретни активности на пазарот додека не го решат проблемот што го имаат со Килијан Мбапе.

Се вчитува...