Трансродовата пливачка Леа Томас поднесе тужба до Судот за спортска арбитража во обид да ја поништи пресудата на Светската пливачка федерација дека трансродовите жени, кои поминале низ пубертет како мажи, не можат да се натпреваруваат со жени.
Леа Томас е првата трансродова пливачка која ја освоила најважната колеџ титула на државно ниво во Соединетите Американски Држави. Тоа беше во 2022 година, непосредно пред Светската пливачка федерација да донесе одлука за учество на трансродовите жени во елитни натпревари во јуни истата година.
Пред одлуката трансродовите пливачи кои минале низ пубертет како мажи да не можат да се натпреваруваат во женска конкуренција, тоа можеле да го направат под услов да го намалат нивото на тестостерон.
Дваесет и петгодишниот Томас сега реши да ја оспори оваа одлука пред Судот за спортска абритажа (ЦАС).
„Госпоѓица Томас прифаќа дека во интерес на фер конкуренција е прифатливо да има одредени ограничувања за трансродовите пливачи. Сепак, таа смета дека некои одлуки се незаконски и дискриминаторски кон неа лично“, се наведува во соопштението на ЦАС.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА