Tрансродовите спортисти во САД ќе го тужат Доналд Трамп

Откако пред една недела претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп потпиша указ за забрана на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женска конкуренција, стигнаа и првите реакции.

„Со овој ден, војната против женскиот спорт е завршена“, рече Трамп додека го потпишуваше документот на церемонијата во Белата куќа, на аплауз од десетици спортистки.

Но, нова војна штотуку започна. Двајца трансродови спортисти од Њу Хемпшир во средата го започнаа првиот обид легално да го оспорат указот на претседателот на државата.

Паркер Тајрел (16), Ајрис Турмел (15) и нивните родители поднесоа тужба против законот во Њу Хемпшир кој им забранува на трансродовите спортисти да се натпреваруваат во женски училишни спортови.

Се вчитува...