Трансродовите жени може да играат фудбал со жените во Англија

Трансродовите жени ќе можат да играат фудбал во женска конкуренција во Англија доколку исполнат строго дефинирани критериуми, потврди во петокот Фудбалската асоцијација на оваа земја.

Фудбалскиот федерација ги објави изменетите критериуми кои мора да ги исполнуваат трансродовите жени за да можат да играат фудбал во женска конкуренција. Според новите критериуми, нивото на тестостерон е намалено, а фудбалерките ќе мора да поминат и период на „набљудување“ во кој ќе се процени дали „претставуваат“ ризик за безбедноста на другите играчи и на самата конкуренција.

ФА исто така изјави дека само таа ќе има единствена моќ да одлучува по ова прашање и дека за секој случај ќе се решава посебно. Во Англија рагби и хокеј можат да играат само трансродови жени кои не поминале низ машки пубертет.

ФА наведе дека само 20 трансродови жени играат фудбал на аматерско ниво во цела Англија, во споредба со милиони жени кои играат на тоа ниво, додека нема ниту една трансродова жена која игра фудбал во сите професионални лиги во Обединетото Кралство.

Според новите правила на ФА, трансродовите жени можат да играат фудбал во Англија доколку нивото на тестостерон е под пропишаното ниво. Тие исто така мора да достават доказ дека тоа е така најмалку 12 месеци, медицинска документација за хормонска терапија и годишни извештаи од лекарски прегледи.

Се вчитува...