Траорна атмосфера во „Арена“: Бели цвеќиња на теренот, моќна порака од „Гробари“

Траорна беше атмосферата во белградска „Арена“ пред вечерашниот натпревар меѓу Партизан и Реал Мадрид, како последица од страшната трагедија во белградското основно училиште во кое 13-годишно момче усмрти осум свои соученици и чувар кој бил вработен во училиштето.

Во Србија се прогласени денови на жалост, Партизан се појави со црни дресови на теренот, а „Гробари“ веќе најавија дека во првото полувреме нема да има организирано навивање од трибините на „Арена“.

Пред почетокот на натпреварот на теренот беа фрлени дваесетина бели цветови во чест на жртвите, а „Гробари“ на една од трибините развеаја моќен транспарент на кој пишуваше: Оддалечувањето од семејството и традицијата секогаш остава трагични последици. Спокој на душите на сите настрадани“.

Се вчитува...